УТРО.мк

Франција ја казни компанијата Шеин со 40 милиони евра поради лажни попусти

Франција ја казни компанијата Шеин со 40 милиони евра поради лажни попусти
Vero

Францускиот регулатор за пазар го казни кинескиот онлајн продавач на облека Шеин со парична казна од 40 милиони евра поради манипулативни практики при прикажување попусти.

Од 1 октомври 2022 година до 31 август 2023 година, Дирекцијата за заштита на потрошувачите (DGCCRF) ги анализирала цените на илјадници производи на француската страница на Шеин.

Истражувањето открило дека во многу случаи цените биле зголемени непосредно пред наводните намалувања или не ги вклучувале претходните попусти. Регулаторот утврдил дека кај 57 отсто од проверените производи нема реално намалување, додека кај речиси 20 отсто од случаите попустите биле помали од прикажаните.

Покрај тоа, во околу 11 отсто од случаите цените биле и повисоки од претходно, а Шеин не обезбедил докази за тврдењата за еколошка одговорност, како намалување на емисиите на стакленички гасови за 25 отсто.

Француските власти го известиле Шеин за овие неправилности во март 2024 година, по што компанијата веднаш презела корективни мерки.

„Сите идентификувани проблеми беа решени пред повеќе од една година“, изјави портпаролот на компанијата за агенцијата ДПА.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран