Забележително е како ставовите на Сигмунд Фројд, еден од најпознатите психијатри и основач на психоанализата, важеле во неговото време, но и денес остануваат актуелни.
Фројд оставил зад себе низа мудри изреки кои луѓето и денес ги користат за да ги препознаат слабостите и недостатоците кај другите. Една од неговите интересни мисли се однесува токму на луѓето кои покажуваат недостиг на памет.
„Првиот знак на човечка глупост е целосен недостаток на срам“, рекол Фројд.
Според ова, кога ќе се сретнете со нечино неодговорно или непријатно однесување, или кога ќе се почувствувате засрамени од нечии изјави или ставови, тоа е јасен сигнал со каква личност имате работа.
Луѓето со пониско интелектуално ниво често се обидуваат да ве понижат или да ги оспорат вашите мислења. Во такви ситуации, најдобро е да не се обидувате да им докажувате ништо и да не се нервирате.
Доколку сакате, можете да се обидете да им помогнете да сфатат одредени работи, но не претерувајте, бидејќи некои луѓе едноставно не сакаат да признаат грешка. Во спротивно, најдобро е само да се повлечете.
Исто така, пред таквите луѓе не треба да ги намалувате вашите критериуми ниту да правите нешта само за да добиете нивно прифаќање или доверба. Никогаш не треба да го намалувате своето достоинство заради некој друг.