УТРО.мк

Дневен хороскоп за сабота – 5 јули: За еден хороскопски знак денес ќе се исплати целиот изминат труд, друг хороскопски знак го очекуваат проблеми со колегите

Дневен хороскоп за сабота – 5 јули: За еден хороскопски знак денес ќе се исплати целиот изминат труд, друг хороскопски знак го очекуваат проблеми со колегите
Vero

Овен

На професионално поле се обидувате да се докажете, пред себе и пред колегите. Иако се појавуваат нови познанства, сè уште не ја среќавате личноста што навистина ја барате. Внимавајте на синусите.

Бик

Вашиот труд конечно доаѓа до израз – сте во фокусот на околината поради постигнати резултати. Во љубовта се насетуваат позитивни пресврти и можен заеднички живот. Повеќе внимание на оралното здравје.

Близнаци

Новите околности можат да ви предизвикаат одреден стрес и потреба за прилагодување. Брачните недоразбирања излегуваат на површина. Можна е болка во грбот и проблеми со ‘рбетот.

Рак

Имате шанса да се истакнете и да ги исполните своите амбиции. Љубовната врска се продлабочува, а денес можеби ќе го отворите прашањето за заедничка иднина. Здравствено – стабилно и полни со енергија.

Лав

Се справувате успешно со обврските. Можни се љубовни недоразбирања, но со трпение сè може да се надмине. Не заборавајте на хидратацијата.

Девица

Донесувањето деловни одлуки денес ќе ви биде отежнато. Се чувствувате како околностите да не ви одат во прилог. Во љубовта, можна е ненадејна промена. Здравјето е во добра состојба.

Вага

Високо сте мотивирани за промени во кариерата и подготвени да ги реализирате своите идеи. Љубовна средба може да ви го разубави денот. Се чувствувате исполнето и витално.

Шкорпија

По подолг период на неизвесност, конечно добивате позитивни вести. Во љубовта започнува контакт со личност што ве привлекува. Полни сте со ентузијазам.

Стрелец

Среќата е на ваша страна – идеален ден за нови проекти или иницијативи. Ве очекуваат љубовни авантури и нови запознавања. Внимавајте на здравјето на уринарниот систем.

Јарец

Комуникацијата со колегите не е на завидно ниво. Разликите во пристапот кон работата создаваат тензии. Љубовта кон срамежлива личност може да остане невозвратена. Синусите ви се чувствителна точка денес.

Водолија

Имате желба за нов почеток – нов проект или ангажман може да ви донесе свежина. Во љубовта се чувствува оддалеченост и емоционално отуѓување. Обратете внимание на исхраната.

Риби

Избегнувајте непотребни ризици – постои опасност од финансиска штета. Ви се допаѓа личност што тешко се освојува, но вие сте подготвени на трпелива и внимателна игра. Препорачливо е да направите офталмолошка контрола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран