
Македонија денес загуби еден од своите најголеми глумци. Почина легендарниот Гоце Тодоровски – човекот чии улоги оставија неизбришлива трага во македонската култура и во спомените на многу генерации.
Тажната вест предмалку на социјалните мрежи ја соопшти неговата ќерка, Сашенка Тодоровска.
Со неговите незаборавни улоги, особено во „Македонски народни приказни“, пораснаа генерации Македонци. Неговиот талент, харизма и препознатлив хумор ќе останат засекогаш дел од македонската историја и уметност.
Почивај во мир, легендо. Македонија никогаш нема да те заборави.


















