УТРО.мк

(ВИДЕО) Украина ја погоди логистичката мрежа на рускиот гигант Wildberries: Низа напади врз магацините на „рускиот Amazon“

(ВИДЕО) Украина ја погоди логистичката мрежа на рускиот гигант Wildberries: Низа напади врз магацините на „рускиот Amazon“
Vero

Украинските напади со беспилотни летала во изминатите денови сè повеќе се насочуваат кон логистичките центри на Wildberries, најголемата руска платформа за онлајн-трговија, која често се опишува како руски еквивалент на Amazon.

Во серијата напади од 18 јули наваму погодени се повеќе магацини и логистички комплекси на компанијата во различни делови на Русија, а руските власти и самата компанија потврдија жртви, повредени и значителна материјална штета.

Според досега објавените податоци, само во првите напади врз објектите во Електростал и Котовск загинале осум лица, а десетици биле повредени. На 22 јули бил погоден и центарот во Краснодар, каде загинала една вработена, додека биле регистрирани и повеќе повредени.

https://x.com/i/status/2081394112033415175

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin