
Петмина планинари од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус, додека двајца членови на седумчлената експедиција успеале да преживеат и се евакуирани, објавија медиумите повикувајќи се на најновите информации од руските служби.
Руското Министерство за вонредни ситуации (МЧС) објави видеоснимка од спасувачката операција, на која се гледаат исклучително тешките временски услови со кои се соочуваат спасувачките екипи на највисокиот врв во Европа.
Според руската државна агенција РИА Новости, која се повикува на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации за Кабардино-Балкарија, телата на загинатите планинари засега не можат да бидат евакуирани поради екстремно неповолните временски услови.

















