
Едно лице загина, а 17 се повредени откако возило влета во толпа во близина на Парадата на гордоста во Берлин во саботата вечерта. Дел од повредените се во животозагрозувачка состојба, а германската полиција започна голема потрага по осомничените.
Инцидентот се случил околу 22 часот во централниот парк Тиргартен, во близина на Бранденбуршката порта, каде во текот на денот стотици илјади луѓе учествуваа во годишната манифестација Christopher Street Day (CSD).

Според полицијата, белото возило удрило повеќе луѓе, продолжило во Тиргартен, а потоа запрело откако удрило во дрво. Возилото било пронајдено напуштено, додека по едно или повеќе лица кои биле во него започнала интензивна потрага.
Полицијата во Берлин во меѓувреме објави фотографија од 21-годишен маж кого го идентификува како осомничен во истрагата. Според Ројтерс, германските власти соопштиле дека станува збор за лице кое претходно им било познато по поврзаност со исламистичката сцена во Берлин. Тој сè уште е во бегство.
https://x.com/i/status/2081263380468203658

















