УТРО.мк

ГОРИ ЈУГОТ НА ЕВРОПА: Брисел испрати 11 воздухоплови за пожарите во Франција и Шпанија, евакуирани над 270.000 луѓе

ГОРИ ЈУГОТ НА ЕВРОПА: Брисел испрати 11 воздухоплови за пожарите во Франција и Шпанија, евакуирани над 270.000 луѓе
Vero

Фон дер Лајен: Мислите ми се со хероите пожарникари – ризикот во Шпанија останува екстремен

Европската комисија ја активираше противпожарната флота „rescEU“ за да им помогне на Франција и Шпанија во борбата со големите шумски пожари што зафатија повеќе региони, јавува Би-Би-Си.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека во Франција се распоредени пет авиони и два хеликоптери, додека уште четири авиони пристигнуваат во Шпанија во текот на денот.

„Моите мисли се со пожарникарите кои храбро се борат со огнената стихија и со сите кои беа евакуирани“, напиша Фон дер Лајен на мрежата X.

Масовни евакуации во Мадрид и Бордо

Претставникот на шпанската Влада во регионот на Мадрид, Франциско Мартин, изјави дека околу 70.000 лица се евакуирани поради пожарите во регионите Мадрид и Авила, додека на повеќе од 20.000 жители им е препорачано да останат во своите домови.

Според него, приоритет останува спасување животи и безбедна евакуација. Нагласи дека засега нема човечки жртви, но предупреди дека може да има нови наредби за евакуација и ги повика граѓаните да ги почитуваат упатствата.

Во Франција состојбата е уште потешка. Според Министерството за внатрешни работи, поради шумските пожари досега се раселени речиси 200.000 луѓе. Само во текот на ноќта биле евакуирани речиси 60.000 жители од населбите во западните предградија на Бордо.

Опасност и натаму многу висока

Шпанската метеоролошка агенција Аемет соопшти дека опасноста од пожари и понатаму е „многу висока“ во голем дел од земјата, додека во североисточните и источните региони ризикот е на „екстремно“ ниво.

Од агенцијата велат дека состојбата е нешто подобрена во западните и централните делови на Шпанија, но временските услови и понатаму се поволни за брзо ширење на огнот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin