
Општина Брвеница ги известува граѓаните дека денес ќе се спроведе акција за перење на улиците во населените места на територијата на општината.
Акцијата ќе се одвива според следниот распоред:
- Радиовце – 17:00 часот
- Стенче – 18:00 часот
- Теново – 19:00 часот
- Милетино – 20:00 часот
- Челопек – 21:00 часот
- Брвеница – 23:00 часот
- Долно Седларце – 01:00 часот (по полноќ)
Од Општината информираат дека останатите населени места ќе бидат опфатени со акцијата во понеделник, согласно оперативниот план.
За непречено одвивање на активностите, за акцијата е известено и Министерството за внатрешни работи.
Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните навремено да ги отстранат и да не ги паркираат своите возила на улиците каде што ќе се спроведува перењето, со цел непречено и ефикасно реализирање на активностите.

















