УТРО.мк

Општина Тетово со важноо соопштение за булеварот „Борис Кидрич“

Општина Тетово со важноо соопштение за булеварот „Борис Кидрич“
Vero

Од Општина Тетово информираат дека булеварот „Борис Кидрич“ ќе биде затворен за сообраќај на моторни возила од 26 до 29 јули, во периодот од 16:00 до 00:00 часот.

Причина за временото затворање е организирањето на концертите во рамките на манифестацијата „Младински вечери“, која е дел од програмата „Тетовско лето – Тетово прославува“.

Од локалната самоуправа апелираат до возачите да ги почитуваат привремените сообраќајни измени и да користат алтернативни сообраќајници.

„Ве молиме за разбирање и им се заблагодаруваме на жителите и на сите граѓани за соработката“, соопштија од Општина Тетово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin