УТРО.мк

Потрошувачката и производството на јаглен во ЕУ на историски минимум

Потрошувачката и производството на јаглен во ЕУ на историски минимум
Vero

Европската Унија во текот на 2024 година забележа рекордно ниски нивоа на потрошувачка и производство на јаглен, покажуваат денес објавените податоци на „Евростат“.

Според извештајот, производството на јаглен е намалено за 12 отсто во однос на претходната година, достигнувајќи 242 милиони тони, додека потрошувачката опаднала за 13 отсто, на 306 милиони тони.

Овој тренд на намалување доаѓа по уште позначителен пад во периодот 2022–2023 година, кога потрошувачката се намали за 23 отсто, а производството за 21 отсто.

Во рамките на електроенергетскиот сектор, уделот на јагленот во производството на електрична енергија се намалил од 16 отсто во 2022 година на само 12 отсто во 2023 година, што е дополнителна потврда дека овој енергенс постепено се напушта.

Дополнително, увозот на јаглен од Русија во периодот 2021–2023 година е намален за дури 98 отсто како резултат на санкциите, што доведе до значителна промена во структурата на снабдувачите со јаглен на ЕУ.

Во 2023 година, дури 90 отсто од нето-увозот на камен јаглен во Европската Унија доаѓал од пет држави: Австралија и САД со по 25 отсто, Колумбија со 18 отсто, Јужна Африка со 14 отсто и Казахстан со девет отсто, се наведува на веб-страницата на „Евростат“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран