УТРО.мк

Труење во турскиот парламент?

Труење во турскиот парламент?
Vero

Речиси 80 лица, меѓу кои и пет пратеници од турскиот парламент, побарале медицинска помош во Парламентарната болница поради стомачни болки, дијареа, повраќање и општа слабост, јави телевизијата NTV.

Сепак, властите не го третираат случајот како епидемија или масовно труење. Во соопштение од парламентот се наведува дека инцидентот веројатно не е поврзан директно со храната што се служела во институцијата.

„Пред неколку дена, во парламентот јадеа околу 9.500 лица. Бројот на оние кои пријавија симптоми не надминува ни 80. Ова не укажува на поврзаност со самиот парламент“, стои во соопштението.

Земени се примероци од сите оброци и водата што се служеле во парламентот, и испратени се на лабораториска анализа. Екипи за јавно здравје спроведуваат детална истрага во рамките на парламентот за да се утврди причината за симптомите кај погодените лица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран