УТРО.мк

Израелската армија потврди: “Во моментов контролираме 65% од територијата”

Израелската армија потврди: “Во моментов контролираме 65% од територијата”
Vero

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека во моментов имаат оперативна контрола над околу 65 отсто од територијата на Појасот Газа, по интензивните воени операции на целата палестинска територија.

Во текот на изминатата недела, израелските сили ликвидираа повеќе од 100 членови на Хамас, вклучително и повисок командант, Хакем ел Иса, објави „Тајмс оф Израел“.

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, израелското воздухопловство изведе повеќе од 7.500 воздушни напади врз наводни цели на милитантите, вклучувајќи складишта на оружје, тунели и ракетни фрлачи.

Израелската војска истакнува дека кампањата ќе продолжи со цел постигнување на воените цели и заштита на цивилното население во Израел.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран