УТРО.мк

Руските сили извршија страшен напад врз Киев: Еден загинат, повеќе повредени

Руските сили извршија страшен напад врз Киев: Еден загинат, повеќе повредени
Vero

Силен руски напад врз Киев: Еден загинат, повеќе повредени

Во силен руски воздушен напад што ја погоди Киев ноќеска, една личност загина, а десетина се повредени, потврди началникот на градската воена управа Тимур Ткаченко.

Експлозиите предизвикаа голема материјална штета – скршени се прозорци на бројни згради, оштетени се автомобили, а во дворот на една станбена зграда се формирал голем кратер.

Повеќе пожари избувнаа низ градот, а оштетена е и една детска градинка.

Според неофицијални информации, меѓу целите на руските проектили биле и термоелектрани во Киев и околината.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека за време на нападот се соборени 4 од 9 ракети и 50 од вкупно 62 дронови лансирани низ земјата.

Забележани се пет директни погодоци од ракети и 12 погодоци од дронови на 11 различни локации во Украина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран