УТРО.мк

Додадете ја оваа состојка во гравот – ги елиминира гасовите и надуеноста

Додадете ја оваа состојка во гравот – ги елиминира гасовите и надуеноста
Vero

Гравот е омилено домашно јадење, но многумина го избегнуваат поради непријатната надуеност. Решението, според старите готвачи и бабите, не е во долгото потопување, туку во еден едноставен, но ефикасен зачин – ким (кмин).

Главната причина за гасови се олигосахаридите – сложени шеќери што тешко се варат. Кимот има карминативни својства, односно природно ја спречува појавата на гасови и го олеснува варењето.

Како се користи:

Потопете го гравот преку ноќ и исфрлете ја водата (опционално).

Варете го 15 минути во свежа вода, па и таа вода се фрла.

Додадете нова вода, зеленчук и зачини.

Кимот додајте го 15 минути пред крајот на готвењето.

Токму тогаш делува најдобро – ако се вари предолго, губи дел од своите активни состојки.

Со овој едноставен трик гравот станува полесен за варење, а неговиот вкус уште побогат и попријатен.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран