УТРО.мк

Ѓорѓиевски: На Скопје му треба визија, работа и резултати – не експерименти

Ѓорѓиевски: На Скопје му треба визија, работа и резултати – не експерименти
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва упати благодарност до граѓаните на Чаир за поддршката и довербата што му ја укажале во првиот изборен круг.

„Денот го завршуваме меѓу чаирчани – со гордост и енергија за најдоброто што доаѓа. Победата во првиот круг и огромната поддршка за вториот се јасна порака дека на Скопје не му се потребни повеќе експерименти, туку докажана работа, визија и резултати“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека неговиот тим има јасен и реален план за подобрување на животот во Чаир и во целиот град, меѓу кои изградба на монтажна катна гаража и проширување на булеварот „Цветан Димов“ за решавање на хроничниот проблем со паркирањето.

„Но ние не застануваме тука. Чаир ќе има поддршка од градот Скопје каква што досега не видел“, нагласи Ѓорѓиевски, додавајќи дека во вториот изборен круг влегува со уште поголема енергија и мотивација за, како што рече, „историска победа во Скопје“.

Кандидатот заврши со порака на благодарност кон сите граѓани за искрената поддршка и довербата:

„Најдоброто допрва доаѓа.“

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран