Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).
Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Република Албанија.
Огромна чест ми беше во име на друштвото и на македонско национално малцинство во Република Албанија лично да му ја предадам на почитуваниот Лорант Винце, претседател на ФУЕН, почесната награда ”Илинден” доделена на ФУЕН за оваа година – информираше Ѓурѓај.
Ѓурѓај учествува на 69-от Конгрес на унијата што се одржува во Болзано, Италија, на кој вчера едногласно беше усвоена Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана.
Во документот стои дека ФУЕН ја повикува Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, во кој членуваат претставници на деветте малцинства признати во оваа држава, да се трансформира во министерство за национални малцинства.
Исто така, според Ѓурѓај, ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици.































