Коалицијата Вреди соопшти дека во вториот круг од локалните избори ќе даде поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садику.
Во соопштението се наведува дека „оваа одлука е донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци, јасно изразена на 19 октомври, кога со ЕДЕН ГЛАС рекоа ‘ДУИ не’ во повеќето албански општини. Заедно со граѓаните и кандидатите кои искрено го претставуваат јавниот интерес, ќе ја унапредиме промената што започна на 19 октомври во албанските општини.“
Од коалицијата нагласуваат дека поддршката за Садику е дел од поширокиот напор за зајакнување на новата политичка енергија во албанските средини и продолжување на процесот на промени што, како што велат, веќе добил поддршка од мнозинството граѓани.































