УТРО.мк

Хрватска повторно воведува воен рок: 1.100 евра месечно и предност за државна работа – но има еден услов

Хрватска повторно воведува воен рок: 1.100 евра месечно и предност за државна работа – но има еден услов
Vero

Хрватска по 16 години повторно го враќа задолжителниот воен рок. Парламентот со 84 гласа „за“ го усвои законот кој ќе важи од следната година, а новиот модел е далеку поразличен од старото служење војска — пократок, подобро платен, но и контроверзен.

Секој 19-годишен маж ќе мора да помине два месеци во касарна во Книн, Слуњ или Пожега, за што ќе добие плата од 1.100 евра месечно, а времето ќе му се смета како работен стаж.

Најголемата предност доаѓа по завршувањето на службата: регрутите ќе имаат приоритет при вработување во државна и локална администрација — што опозицијата го нарече „милитаризација на јавниот сектор“.

Оние што ќе одбијат да носат оружје ќе можат да служат цивилен рок, но три до четири месеци за помала плата и без државни бенефиции.

Министерот за одбрана Иван Анушиќ изјави дека програмата ќе чини околу 23,7 милиони евра годишно, и дека Хрватска „мора да биде подготвена за секое сценарио“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран