УТРО.мк

Хаосот во Газа продолжува: Убиени 93 Палестинци откако стапило на сила примирјето помеѓу завојуваните страни

Хаосот во Газа продолжува: Убиени 93 Палестинци откако стапило на сила примирјето помеѓу завојуваните страни
Vero

Министерството за здравство во Газа соопшти денеска дека вкупно 93 Палестинци биле убиени во израелски напади откако на 11 октомври стапи во сила договорот за примирје.

Министерството додаде дека во истиот период биле повредени 324 лица, пренесе „Ал Џезира“.

Како што се наведува, во последните 48 часа, во израелски напади загинале 19 лица, чии тела биле пренесени во болниците во Газа, а уште седуммина биле повредени.

Министерството за здравство во Газа исто така соопшти дека бројот на загинати Палестинци во двегодишната војна што Израел ја води од 7 октомври 2023 година пораснал на 68.519, додека во истиот период биле повредени вкупно 170.382 лица.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран