УТРО.мк

Лансирани повеќе од 770 балистички ракети – има загинати

Лансирани повеќе од 770 балистички ракети – има загинати
Vero

Русија од почетокот на оваа година врз Украина лансирала околу 770 балистички ракети, од кои повеќе од 50 биле хиперсонични ракети „Кинџал“, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што наведе Зеленски на Фејсбук, руската војска и изминатата ноќ извршила напади врз Украина, користејќи десетици дронови и девет балистички ракети, при што има загинати и повеќе десетици повредени.

Тој истакна дека меѓу главните цели на ракетните напади бил и главниот град Киев, пренесе агенцијата „Укринформ“.

Зеленски упати сочувство до семејствата и пријателите на жртвите од нападите.

Според неговите зборови, речиси во секој руски напад врз украинското население се користат и балистички ракети.

„Токму поради ваквите напади ние посветуваме посебно внимание на системите ‘Патриот’, за да можеме да ги заштитиме нашите градови од овој ужас“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека е од големо значење партнерите на Украина, кои имаат такви можности, да ги спроведат договорите постигнати во последните денови и да ја продолжат соработката со Киев, бидејќи, како што рече, ниту една земја не треба да остане сама пред злото.

„Америка, Европа и земјите членки на Г7 можат да помогнат ваквите напади повеќе да не ги загрозуваат животите. Руските напади со балистички ракети бараат одговор од силните држави кои преку вистинска соработка ќе помогнат во заштитата на човечки животи“, порача Зеленски.

Минатата ноќ руските сили го нападнале Киев со балистички ракети, при што загинале две лица, а 12 биле повредени, јавува „Укринформ“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран