УТРО.мк

Меџити: Инвестициите во Дижонска го заокружуваат развојот на Чаир

Меџити: Инвестициите во Дижонска го заокружуваат развојот на Чаир
Vero

Во населбата Дижонска се заокружуваат инфраструктурните инвестиции кои последниве месеци интензивно се реализираат во Општина Чаир.

Избраниот градоначалник Изет Меџити денес беше на лице место и ја посети улицата „Халим Халимиќ“, која веќе е целосно асфалтирана и подготвена за користење.

Инвестицијата опфаќа нова канализациона мрежа и систем за водоснабдување, кои сега се целосно функционални. Станува збор за проект реализиран според највисоки стандарди, со кој на Дижон конечно му се обезбедува инфраструктурата што жителите ја заслужуваат одамна.

Меџити им се заблагодари на жителите на Дижон за трпението и соработката, како и на екипите што, како што рече, „со посветеност и професионалност ја реализираа уште една важна инвестиција за Чаир“.

„Секоја улица, секој метар инфраструктура значи подобар квалитет на живот за нашите граѓани. Горди сме што чекор по чекор го менуваме ликот на Чаир“, изјави градоначалникот Меџити.

Со овој проект, Општина Чаир продолжува со реализација на капиталните инфраструктурни зафати во сите нејзини населби.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран