УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Силни и самоодржливи јавни претпријатија се нужност за Град Скопје

Ѓорѓиевски: Силни и самоодржливи јавни претпријатија се нужност за Град Скопје
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека негов приоритет ќе биде создавањето силни и самоодржливи јавни претпријатија кои ќе работат во интерес на граѓаните.

„Во Градот Скопје моја заложба ќе биде да имаме силни јавни претпријатија, на граѓаните, кои ќе работат за интересот на граѓаните и ќе бидат самоодржливи – огромен дел од нив профитабилни ќе бидат“, изјави Ѓорѓиевски во интервју за Канал 77.

Како пример го посочи ЈП „Градски паркинг“, кое е единственото претпријатија под надлежност на градот што не работи со загуба, туку со „позитивна нула“. „Паркинзи е добро претпријатие за мене ако може во годината да изгради неколку монтажни гаражи или една катна гаража со сопствени средства“, рече тој. Ѓорѓиевски нагласи дека постојат јавни претпријатија со голем потенцијал за самоодржување, како што е ЈП „Водовод и канализација“, но тие во моментов работат со сериозни загуби.

Тој оцени дека токму самоодржливоста на јавните претпријатија е формулата за успешност на градската власт и неопходен предуслов за развој на Скопје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран