УТРО.мк

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно со идни градски советници и претставници од повеќе општини.

„Од рано утринава, заедно со моите идни колеги од Центар и Карпош, а со поддршка од општините Штип, Велес, Кавадарци и Куманово – сме на најкритичните локации каде што има депонии. Искрено им благодарам за помошта“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека акцијата ќе продолжи и во следните денови, вклучително понеделник, среда и петок, со цел темелно чистење на повеќе делови од Скопје.

„Нема да дозволиме скопјани да бидат жртви на неажурноста на јавните претпријатија. За неколку дена од сега си ја преземаме работата во свои раце“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека најдоброто за градот „допрва доаѓа“.

Со оваа иницијатива, Ѓорѓиевски ја продолжува својата кампања насочена кон подобрување на урбаната хигиена и мобилизација на сите ресурси за поубаво и почисто Скопје.

Видеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран