Куала Лумпур – Кина и САД во саботата во Малезија започнаа нова рунда трговски преговори, јавија кинеските државни медиуми, пред очекуваниот состанок на лидерите на двете земји во Јужна Кореја.
Кинеското министерство за трговија соопшти дека заменик премиерот Хе Лифенг ќе ја предводи кинеската делегација до понеделник за разговори со САД. Двете најголеми економии во светот се обидуваат да избегнат натамошна ескалација на штетниот царински „око за око“ спор, а се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг следниот четврток.
Трамп изјави дека се надева на „добар“ договор со Кина и на крај на трговската војна, и покрај тоа што претходно закануваше дека состанокот може да се откаже. Овој состанок се одржува на маргините на Самитот за економска соработка Азија–Пацифик (APEC), кој започнува на 31 октомври.
Пекинг овој месец воведе строги контроли врз клучните индустрии на ретки земји, што предизвика Трамп да најави стопроцентни царини на увоз од Кина. Двете земји исто така почнаа да наплатуваат меѓусебни такси за пристигнувањето на бродови, под влијание на американската истрага „Секција 301“ која утврди дека доминацијата на Пекинг во индустријата е несоодветна.































