УТРО.мк

Хаос на аеродромите во САД

Хаос на аеродромите во САД
Vero

Американските аеродроми и денеска се соочуваат со сериозни доцнења на летовите поради недостиг на контролори на летање, откако блокадата на федералниот буџет ја натера владата да влезе во втор месец на делумно затворање.

На аеродромот Њуарк во Њу Џерси беа регистрирани доцнења од два до три часа, соопшти агенцијата АП. Канцеларијата за управување со вонредни состојби во Њујорк предупреди дека ваквите доцнења често предизвикуваат синџирни реакции на други аеродроми во регионот, вклучувајќи ги „Џон Ф. Кенеди“ и „Ла Гвардија“.

Патниците што патуваат до, од или преку Њујорк се советуваат да бидат подготвени за промени во распоредот, доцнења на гејтовите и можни пропуштени конекции.

Слична состојба се бележи и на аеродромите „Џорџ Буш Интерконтинентал“ во Хјустон, „Далас-Форт Ворт“, „Чикаго О’Хара“, како и во Сан Франциско, Лос Анџелес, Денвер и Мајами, каде според податоците на FlightAware, десетици летови се доцнат или се откажани.

Министерот за транспорт на САД, Шон Дафи, изјави дека патниците треба да очекуваат уште почести прекини на летовите доколку не се реши кризата со финансирањето. Тој нагласи дека владата нема намера да ги отпушта контролорите кои не се појавуваат на работа, иако многумина од нив веќе повеќе недели не примаат плата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран