УТРО.мк

Мајка и очув осомничени за обљуба на малолетно девојче

Мајка и очув осомничени за обљуба на малолетно девојче
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата, по член 189 став 2 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, очувот подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и извршувал полови дејствија врз девојче родено во 2009 година, кое му било доверено на чување и воспитување.

Во случајот е инволвирана и мајката на жртвата, која, иако знаела за злоупотребите, не го пријавила ниту го спречила осомничениот, со што не го заштитила своето дете, и покрај тоа што девојчето повеќепати барало помош од неа.

Надлежниот јавен обвинител предложил мерка притвор за очувот, додека за мајката се бараат мерки на претпазливост. Обвинителството ќе соработува со Центарот за социјални работи за згрижување на трите малолетни деца од семејството, меѓу кои и жртвата.

Случајот предизвика згрозеност во јавноста и повторно го отвори прашањето за заштитата на децата од семејно насилство и сексуална злоупотреба.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран