Пратеникот Блерим Беџети се повлече од функцијата координатор на пратеничката група на Европскиот фронт по принципиелни причини, истакнувајќи дека е време помладите, но веќе искусни пратеници да преземат поголема улога во работата на групата.
Беџети потврди дека пратеничката Рина Ајдари ќе ја преземе функцијата координаторка, додека нова заменичка координаторка ќе биде Дијана Тоска. Освен Беџети, се повлече и досегашната заменичка координаторка Арбана Пашоли.
ДУИ на последните избори го загуби општинското собрание во Сарај, кој долго време се сметаше за бастион под водство на Беџети. Тој е организациски секретар на ДУИ, додека Пашоли е потпретседателка на партијата.































