УТРО.мк

Изет Меџити и официјално го презеде мандатот како градоначалник на Општина Чаир

Изет Меџити и официјално го презеде мандатот како градоначалник на Општина Чаир
Vero

Новoизбраниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска и официјално го презеде својот мандат. На свечената церемонија, Меџити изрази благодарност до граѓаните за довербата што му ја укажаа на последните локални избори и истакна дека повторното враќање на функцијата за него претставува голема чест и обврска.

„Од денес се враќам во моето место, меѓу моите луѓе, со чест, со скромност и со длабока благодарност. Чаир секогаш ме поддржувал, а овој пат ми даде силен мандат доверба што ќе ја претворам во чесна работа, конкретни резултати и управување што го познава само јавниот интерес,“ изјави Меџити.

Тој нагласи дека Чаир е дел од неговиот идентитет и јавна мисија, додавајќи дека секој успех што ќе следи ќе биде заеднички успех на сите граѓани.

„Пред нас стои ново поглавје. Ќе работиме со јасен план, со транспарентност и со храброст за да направиме големи промени. Од денес започнува работата за општина Чаир што ја сакаме, од денес започнува нашето време!“, порача Меџити.

Градоначалникот најави дека приоритет ќе бидат транспарентното управување, вклученоста на граѓаните во процесите на одлучување и забрзаниот урбан, економски и општествен развој на општината.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран