Викендов на гробиштата во Ѓорче Петров се случил необичен инцидент. Според сведоштва на граѓани, маж облечен во мантија се претставувал како свештено лице и нудел изведување на верски обреди за пари.
Еден од присутните граѓани раскажал на социјалните мрежи дека додека „попот“ се подготвувал да отпее за покојните, на местото пристигнала полицијата и го привела, по што обредот не бил извршен.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 1 ноември 2025 година, на гробиштата во Ѓорче Петров, полициски службеници го легитимирале Б.П., кој извршувал верски активности.
МВР додава дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.































