Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на 67-та традиционална ноќна атлетска трка, која секоја година се одржува во чест на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.

„Повеќе од шест децении, оваа трка е симбол на спортскиот дух, истрајноста и љубовта кон нашиот град. Битолчани уште еднаш покажаа дека со спорт, енергија и заедништво го славиме најголемиот битолски празник,“ изјави Коњановски.

Тој упати честитки до сите учесници и организатори за одличната организација и придонесот во негувањето на спортските вредности што ја карактеризираат Битола.

Традиционалната трка, која низ годините стана дел од идентитетот на градот, и оваа година собра голем број натпреварувачи и љубители на спортот, кои со своето учество ја потврдија љубовта кон Битола и кон спортскиот дух што ја обединува заедницата.































