Новиот градоначалник на Кичево, д-р Александар Јовановски, им се заблагодари на граѓаните за, како што рече, историската победа и покажаното единство на изборите.
„Почитуван народе, почитувани кичевчани, драги пријатели и познаници – длабоко од срце Ви благодарам за историскиот успех и големата победа. Вие покажавте дека заеднички можеме многу“, порача Јовановски.
Тој се заблагодари и на сите кои му испраќаат честитки по електронски пат, нагласувајќи дека поради големиот број пораки не може навреме да им одговори на сите, но дека ја чувствува нивната поддршка и благодарност.
„Кичево мудро одбра – проекти и напредок во заедништво, пред поделби и неработливост. Време е за многу работа, време е за заедница, би рекол со живот и соживот“, истакна градоначалникот.
Јовановски додаде дека интересите на народот ќе бидат приоритет во неговиот мандат и најави дека ќе се посвети на развојни проекти и подобрување на животниот стандард во градот.































