УТРО.мк

Путин го лансираше најстрашното оружје досега – оружје за судниот ден

Путин го лансираше најстрашното оружје досега – оружје за судниот ден
Vero

Русија лансираше нова стратешка нуклеарна подморница „Хабаровск“, способна да носи до дванаесет торпеда со нуклеарен погон „Пoсејдон“, најновиот оружен систем на Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин го претстави „Пoсејдон“ како оружје за нуклеарни напади низ целиот свет. Подморницата „Хабаровск“ е специјално дизајнирана за овој систем, кој НАТО го означува како „Кејнјон“. Торпедата може да носат повеќемегатонски боеви глави со теоретски неограничен дострел, способни да предизвикаат цунами или да контаминираат обемни крајбрежни подрачја.

Путин претходно ги претстави и крстаречката ракета „Буревестник“ и проектилот „Орешник“, кој може да носи нуклеарни боеви глави до главни градови во Европа.

Американскиот претседател Доналд Трамп на ваквите закани одговори со најави за можно обновување на тестирања на нуклеарно оружје, без конкретизација дали станува збор за вистински експлозии или тестирање на проектили способни за нуклеарно наоружување.

Подморницата беше лансирана оваа недела во бродоградилиштето „Севмаш“ во Северодвинск, на Белото Море, а потврдено е од руските државни медиуми и независни извори. „Хабаровск“ претставува нова класа стратешко средство за испорака на нуклеарно оружје и е дел од арсеналот „непобедливи“ руски оружја.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран