Ако приметите промени на бојата на прстите – тоа не секогаш е поради циркулација: може да укажува на сериозно заболување.
Кога прстите побелуваат, крвните садови привремено се стегнуваат (вазоспазам), што го намалува протокот на крв. По неколку минути прстите стануваат црвени или бледо розови. Најчести причини се студ, стрес или нагли промени на температура.
Најчест симптом е Рејноов синдром – пореметување каде крвните садови претерано се стеснуваат. Постојат:
Примарен Рејноов синдром – самостоен, почесто кај жени и лица под 40 години.
Секундарен Рејноов синдром – последица на други болести, особено автоимуни (системска склероза, лупус, реуматоиден артритис).
Сигнали за внимание:
Прстите редовно побелуваат дури и при мала студеност.
Пojавa на болка, трнење или губење на чувството.
Промената на бојата се шири на ноктите, врвови на прсти, стопала, уши или нос.
Постојат и други симптоми како замор, болки во зглобовите, осип или оток.
Други можни причини: низок крвен притисок, анемија, пушење, дијабетес или работа со вибрации.
Совети за превенција и олеснување:
Заштита од студ – ракавици и топла облека.
Избегнување на нагли промени на температура.
Престанок на пушење.
Намалување на стрес.
Вежби и масажа за подобра циркулација.
Ако симптомите се повторуваат често, особено при блага студеност, важно е да се консултирате со лекар за проверки и можни терапии.































