
Непал денеска се соочува со катастрофални последици од силните поплави и огромното свлечиште што погодија делови од земјата, оставајќи зад себе сцени кои изгледаат како од филм за природна катастрофа.
На снимките од погодените подрачја се гледа огромната разорна моќ на водата и калта – мостови и патишта се уништени, автомобили се однесени, а бројни куќи се оштетени или целосно збришани.

Стотици луѓе се водат како исчезнати, откако биле зафатени од надојдените води или останале затрупани под огромните наноси од кал и земја.
На терен продолжуваат операциите за пребарување и спасување, но пристапот до дел од погодените области е исклучително тежок поради уништената инфраструктура и нестабилниот терен.
Сведоштвата и видеоснимките што се појавуваат од Непал го покажуваат размерот на катастрофата – цели делови од патишта исчезнале, мостови се урнати, а надојдените реки носеле сè пред себе.

















