Не во вода: Потопете го гравот во ова пред готвење
Гравот, како и другите зрнести култури, содржи фитинска киселина, која врзува важни минерали (бакар, магнезиум, јод, железо, цинк) и спречува нивно апсорбирање, што може да доведе до дефицит и проблеми со имунитетот, мускулите и варењето.
Како да ја неутрализирате фитинската киселина:
Потопување во вода: гравот оставете го да се натопи неколку часа (или преку ноќ). За подобар ефект, можете да додадете малку оцет или лимонов сок.
Потопување во сурутка: исто така ја намалува количината на фитинска киселина.
Ртење: при ртење на гравот и житарките, фитинската киселина се намалува за околу половина.
Топлотна обработка: ја намалува фитинска киселина за 30-35%.
Комбинирање на овие методи (потопување + готвење) дава најдобри резултати за здрав грав, полн со минерали.































