УТРО.мк

По „Бристол“, нов сјај ќе добие и Арапската куќа – започнува обновата на старите скопски хотели

По „Бристол“, нов сјај ќе добие и Арапската куќа – започнува обновата на старите скопски хотели
Vero

Скопје наскоро ќе го врати дел од својот стар градски шарм. По најавената реконструкција на легендарниот хотел „Бристол“, компанијата „Македонијатурист“ планира целосна обнова и на уште три познати објекти – хотелите „Турист“, „Белви“ и „Јадран“, кај скопјани попознат како Арапска куќа.

Веќе е објавен јавен повик за прибирање понуди за изработка на идеен и основен проект со сите фази, како и проект за ентериерно уредување на трите хотели. На повикот може да учествуваат сите овластени проектантски бироа.

По повеќе од една деценија запуштеност, хотелот „Бристол“ неодамна повторно ги отвори вратите, што беше првиот сигнал дека започнува процесот на оживување на историските објекти кои некогаш беа симбол на скопскиот туризам и урбан дух.

Со најавената реконструкција на „Арапската куќа“, како и на хотелите „Турист“ и „Белви“, се очекува центарот на градот повторно да добие препознатливи локации кои ќе го спојат старото архитектонско наследство со современи стандарди на угостителство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран