УТРО.мк

Утре без струја делови од Скопје – прекини во Инџиково, Нова Брезница и Кисела Вода

Утре без струја делови од Скопје – прекини во Инџиково, Нова Брезница и Кисела Вода
Vero

Делови од Скопје и околината утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Според најавата, во Инџиково, општина Гази Баба, прекинот ќе трае од 08:30 до 14:30 часот. Без електрична енергија ќе бидат делови од улиците 20, Финска 15 и 10 Инџиково. Прекинот е поврзан со исклучување од надземната мрежа заради реконструкција на дел од нисконапонскиот извод.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин е планиран и во дел од село Нова Брезница, во општина Сопиште.

Без струја утре ќе остане и дел од Кисела Вода, односно потрошувачите на ул. „Христо Татарчев“ бр. 49Г и околината кај поранешна „Црвена звезда“. Прекинот е најавен во периодот од 09:00 до 14:00 часот.

Станува збор за планирани прекини, а времетраењето може да зависи од текот на работите на терен. Жителите од наведените подрачја се советуваат навреме да ги планираат своите активности во периодот кога ќе биде прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin