
Пожар е активен над селото Моране, во Општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума.
На терен се екипи на надлежните служби кои работат на локализирање и ставање на огнената стихија под контрола. Засега нема информации дека се загрозени куќи или други објекти.
Службите ја следат состојбата и преземаат активности за спречување на понатамошното ширење на пожарот, особено поради сувото време и условите кои можат да придонесат за негово брзо ширење.

















