
Тројца жители на тетовското село Џепчиште се лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла и одзела марихуана.
Од СВР Тетово информираат дека на 11 август 2026 година околу 16:00 часот, полициски службеници во село Џепчиште ги привеле Н.А. (20), Б.Д. (19) и С.Е. (19), сите од селото.
При извршениот преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Дополнително, од Н.А. било одземено и патничко возило „Рено Твинго“, за кое, според полицијата, тој не поседувал никакви документи.
Тројцата биле задржани во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

















