УТРО.мк

Интервентната полиција во акција: Скопјанец приведен со револвер и куршуми

Интервентната полиција во акција: Скопјанец приведен со револвер и куршуми
Vero

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 34-годишниот Ф.И. од Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено околу 12:40 часот во селото Батинци, скопско.

При извршен преглед кај него бил пронајден револвер, како и куршуми наменети за оружјето.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против Ф.И. ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 396 од Кривичниот законик.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin