УТРО.мк

Петмина приведени во Скопје, полицијата расчисти две разбојништва

Петмина приведени во Скопје, полицијата расчисти две разбојништва
Vero

Пет лица се лишени од слобода во Скопје во врска со две разбојништва извршени на 9 август, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во координација со СВР Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода Ј.Ј. (24), А.О. (22) и А.А. (24), сите од Гостивар. Тие се сомничат дека на 9 август околу 04:00 часот, во близина на Градскиот парк во Скопје, го нападнале 23-годишниот В.О. од Австрија и се обиделе да му одземат пари и лични предмети. При нападот, еден од нив му нанел и расекотина.

Полицијата го расчистила и второто кривично дело – разбојништво извршено истиот ден на плоштад „Македонија“. Според пријавеното, од Ш.С. била одземена торба во која имало документи и пари.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар презеле мерки и активности за расчистување на случајот. Во рамки на истрагата, од слобода биле лишени А.А. (18) и А.С. (19), двајцата од Скопје.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin