
Дел од потрошувачите во Тетово и Боговиње утре, 12 август 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.
Во Тетово, прекинот е планиран во периодот од 08:45 до 14:00 часот. Без електрична енергија ќе бидат објекти во Блок 82, Блок 77, кај „Авто Прогрес“ и Старо Неметали, како и делови од улицата 107, катастарската парцела „Дреница“, „Благоја Тоска“ бр. 173 и 174, улиците 108 и 109, како и објекти кај „Сага“.
Дополнително, од 09:00 до 14:00 часот е предвиден прекин на електричната енергија на ул. „Благоја Тоска“ бр. 99 во Тетово.
Во општина Боговиње, прекинот ќе трае од 09:00 до 13:59 часот, а ќе биде опфатен дел од селото Камењане.
Станува збор за планирани прекини, па граѓаните и деловните субјекти од овие подрачја навреме да ги преземат потребните мерки.

















