
ТЕТОВО – Дел од потрошувачите во Тетовско утре, 11 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.
Според најавата, во Боговиње прекинот ќе трае од 08:40 до 14:45 часот. Без струја ќе бидат Боговиње, Раковец, Урвич, Јеловјане, Ново Село, Селце Кеч, како и објекти на Лес Комерц, Емиратите, Бетонида, Интер Мебел и наплатната рампа ГВ.
Во Тетово, прекинот е планиран од 09:00 до 14:00 часот. Ќе бидат опфатени објекти на крстосниците од улицата Илинденска со Вонвардарска, Илинденска со В. С. Бато, како и објекти кај Земјоделско училиште, Медицинско училиште и Универзитетот во Тетово, односно дел од Блок 87.
Прекин на електричната енергија од 09:00 до 14:00 часот е најавен и за дел од село Теарце.
Од надлежните служби се очекува електричната енергија да биде повторно пуштена по завршувањето на планираните активности.

















