
Инспекторатот на Општина Тетово и денеска продолжи со акцијата за ослободување на јавните површини долж булеварот „Илинден“, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на граѓаните.
Од Општина Тетово информираат дека дел од сопствениците на локали доброволно ја отстраниле стоката и останатите предмети поставени на тротоарите и покажале подготвеност за соработка со општинските инспектори.
Од локалната самоуправа посочуваат дека преку заедничка соработка и ангажман на сите чинители, јавните површини можат да останат слободни и проодни за пешаците.
Општина Тетово ги повикува и останатите сопственици на локали и граѓани да ја отстранат стоката и предметите од тротоарите и да придонесат за непречено движење по јавните површини.
Акцијата продолжува во насока на уредување на јавниот простор и овозможување поголема проодност и безбедност за пешаците.

















