УТРО.мк

Цените на струјата во регионот рушат рекорди: Сушата и горештините го притискаат енергетскиот систем

Цените на струјата во регионот рушат рекорди: Сушата и горештините го притискаат енергетскиот систем
Vero

Берзанските цени на електричната енергија во регионот достигнуваат екстремно високи нивоа, под влијание на рекордните горештини, долготрајната суша, ниските водостои и зголемената потрошувачка на електрична енергија.

На 3 август, околу 20 часот, цената на струјата на берзата во Србија достигнала околу 550 евра за мегават-час. Уште повисоки цени биле регистрирани во Словенија, со околу 717 евра, и во Хрватска, со околу 650 евра за мегават-час.

Во Романија цената во истиот период изнесувала околу 535 евра за мегават-час, додека во Унгарија достигнала околу 510 евра.

Македонија и Бугарија, пак, имале значително пониски цени – околу 217, односно 290 евра за мегават-час.

<strong>Сушата го намалува производството</strong>

Една од главните причини за притисокот врз енергетските системи е екстремната суша. Ниските водостои на Дунав и другите реки го намалуваат производниот потенцијал на хидроцентралите, но создаваат проблеми и за термоелектраните и нуклеарните централи кои користат речна вода за ладење.

Особено погодена е Романија. Поради нискиот водостој на Дунав, еден реактор во нуклеарната централа „Чернавода“ е исклучен, а постои ризик проблемот да се прошири и на вториот реактор. Нуклеарната централа обезбедува околу една петтина од електричната енергија во земјата.

Под притисок е и Србија, каде што ниските водостои го отежнуваат производството во хидроцентралите. Тамошните власти апелираат до граѓаните рационално да ја користат електричната енергија.

<strong>Зошто струјата е најскапа навечер?</strong>

Најголем ценовен притисок се забележува во вечерните часови. Потрошувачката и натаму е висока поради интензивната употреба на клима-уредите, додека производството од соларните електрани нагло опаѓа со заоѓањето на сонцето.

Така се создава комбинација од намалена понуда и висока побарувачка, што директно ги турка берзанските цени нагоре.

Екстремно нискиот водостој на Дунав дополнително ја усложнува ситуацијата и го ограничува производството на електрична енергија во повеќе делови од регионот.

<strong>Проблемот се чувствува и низ Европа</strong>

Енергетскиот притисок не е ограничен само на Балканот. Високите температури ја зголемуваат употребата на клима-уредите низ Европа, додека сушата и недостигот на вода истовремено создаваат проблеми за дел од хидро, термо и нуклеарните централи.

Експертите како долгорочни решенија ги посочуваат зголемувањето на производствените капацитети, изградбата на батериски системи за складирање енергија, подобрувањето на прекуграничните интерконекции и пофлексибилното управување со потрошувачката.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin