УТРО.мк

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата
Vero

12 август 2026, Скопје – Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании.

Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот  за оваа намена се  планирани вкупно  250 милиони евра.  

Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin