
Вкупна добивка од 206,1 милион евра оствариле котираните компании на Македонската берза во првото полугодие од годинава. Заедничката добивка е за 7,75 насто подобра од ланската во истиот период, која изнесуваше 191,2 милиони евра. Разлики постојат и меѓу носителите на профитот.
Десет компании заработиле 180,3 милиони евра, што претставува дури 87,5 насто од вкупната нето–добивка.Само уделот на банките вреди 95,6 милиони евра.
Ако се гледаат само 63-те компании со позитивен финансиски резултат, нивната вкупна заработка достигнува 214,4 милиони евра. Притоа, десетте најпрофитабилни учествуваат со 84,1 насто. Останатите компании што работеле со добивка заедно оствариле околу 34,1 милион евра.
Вкупниот резултат ја претставува разликата меѓу износите на добивката (214,4 милиони евра) и на загубата (8,3 милиони евра). Во споредба со првата половина од минатата година, добивките се повисоки за 7,67 насто, а загубите за 7,8 насто.


















