
Вработен во обложувалница во центарот на Скопје вечерва бил избоден со нож при обид за грабеж, дознава „Скопје1“.
Според првичните информации, инцидентот се случил во објект во општина Центар, каде напаѓачот наводно се обидел да изврши грабеж.
При нападот, вработениот бил повреден со нож. По инцидентот, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која го презела повредениот и го транспортирала во Ургентниот центар.
На местото има засилено полициско присуство. Полициски екипи го обезбедуваат просторот и преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со нападот.
Засега нема официјални информации за тежината на повредите на вработениот, ниту дали осомничениот напаѓач е идентификуван или приведен.
Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на полицискиот увид и по добивањето на официјални информации од надлежните институции.

















