УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Со поддршка од Скопје, ќе правиме уште поголеми дела за Кисела Вода

Ѓорѓиевски: Со поддршка од Скопје, ќе правиме уште поголеми дела за Кисела Вода
Vero

Досегашниот градоначалник на Кисела Вода и нов градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално ѝ ја предаде функцијата на својата наследничка, Бети Стаменкоска Трајкоска.

На свечената примопредавање на должноста, Ѓорѓиевски ја пофали Стаменкоска Трајкоска за нејзината посветеност и љубов кон општината, изразувајќи целосна доверба дека ќе го продолжи започнатиот пат.

– Бети Стаменкоска Трајкоска е новата мајка на општината. Знам колку си посветена, колку искрено ја сакаш Кисела Вода и колку труд вложуваш во сѐ. Убеден сум дека ќе го продолжиш патот кој го трасиравме со истата сила, со ист жар и љубов. Ти благодарам за сѐ што направи и за она што допрва ќе го направиш. А со поддршка на градот Скопје, ќе продолжиме да правиме уште поголеми дела. Го имаш мојот збор, напиша Ѓорѓиевски.

На крајот од церемонијата, тој ѝ подари букет цвеќе на новата градоначалничка, симболично означувајќи почеток на нејзиниот мандат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран